20.8 C
Skopje
20 C
Podgorica
20.8 C
Belgrade
Friday, 29 March 2024
spot_img

Промотивен завршен настан во рамки на проектот “Development of Partnership between Civil Society and the Business Sector”

Организацијата на потрошувачите на Македонија во рамки на проектот “Development of Partnership between Civil Society and the Business Sector” (Развој на партнерства помеѓу граѓанското општество и бизнис секторот: Модел на услуги за мобилизација на финансиски ресурси), финансиран од страна на Шведската меѓународна агенција за развој и соработка (SIDA), имплементиран од Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (BCSDN), денес во Хотел Солун- Скопје организираше промотивен завршен настан за проектот.

Проектот се спроведува преку ConWeb, што претставува мрежа на национални потрошувачки организации на Југоисточна Европа која ја сочинуваат Центар за заштита на потрошувачите на Црна Гора (CEZAP), Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) и Националната организација на потрошувачите на Србија (NOPS).

На настанот беше промовиран проектот, резултатите и продуктите преку унапредената соработка со другите потрошувачки организации во регионот на Западен Балкан, со што се остварува можноста за воведување на сертификатот “Фер со потрошувачот” во Србија и Црна Гора, врз основа на искуството на Република Северна Македонија.

Во рамките на проектот се изработи и Документ за политики: „Унапредување на заштитата на потрошувачите преку фер однос од страна на компаниите“ и има беше доделен и претставен на присутните. Од страна на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (BCSDN) се обрати г-ѓа Билјана Стојановска, менаџер на регионалниот хаб. На настанот се вклучија и претставниците на CEZAP (Центар за заштиту потрошача Црне Горе) и NOPS (Национална Организација Потрошача Србије).

На настанот присуствуваа претставници од државни институции, јавни претпријатија, компании од приватниот сектор и граѓански организации, а настанот беше проследен од страна на медиумите.

Latest Articles